| |

КОЛЕВ: ЗНАМ ЗОШТО НЕКОИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ПЛАШАТ ОД БУГАРСКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА

„Знам зошто ги мачи сето ова ваквиот тип на политичари, бидејќи ќе можеме на БНТ да слушаме македонска музика, а не српски турбо- фолк кој успешно се вгнези и во прајм-тајмот на македонските телевизии, но тоа е друга тема.
Исто ќе можеме директно да ги следиме во целост и без извртување изјавите и пораките, како и односот на Бугарите и Бугарија кон нас, та нема да има потреба од такви индивидуи како госпоѓата кои ќе ни објаснуваат колку многу не мразат и ќе не асимилираат и уништат Бугарите.
Исто така може и некој Бугарин од Македонија ќе учествува во некоја емисија на БНТ па ќе го чуеме и неговото мислење, бидејќи е беспорен факт дека на фрекфенциите на македонските телевизии има „невидлива“ забрана за нивно појавување.
Уште поопасно за госпоѓата и сличните на неа, недај Боже, претставете си само некој игран филм кој е македонско- бугарска копродукција кандидат за Оскар да направиме?!

Повеќе од 15-20 години почитуваната госпоѓа беше пратеник во собранието. Денеска нејзината партија на која е основач и прв претседател има двајца претставници во парламентот и е дел од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ.
Ваков тип на искрена омраза, искривување на тезите и Темпо не можел да проповеда.
Години на ред гледаме национални телевизии на Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, Германија итн, но штом се спомне БНТ, веднаш проблем…

Пропуштаме да го споменеме дури и фактот дека МТВ ќе се гледа во Бугарија“, напиша на својата официјална facebook страна, претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Слични Објави