| | |

ДАЛИ СЕ СРАМИТЕ ОД НАРОДОТ ??

Ај кажете и на Цветанка од тие 330.000 евра да ми даде само 5000 за да можам да си го реновирам кровот, кој кога врне посилно прокиснува, а фасадата ми е пред распаѓање, заради тоа што од 91- ва навака трчаме кон “прогресот”. Ако 250 евра е нормална плата, а сметка за струја зимно време ми е 150 евра и сето тоа е нормално за вас, да ве прашам дали сакате да се смениме и да поживеете барем 2 месеци со тие средства? За да го почувствувате “прогресот” и “животот” на своја кожа. А од патните трошоци на Бонева и Мира нека ми донираат 1000 денари да идам да си го напраам точакот, бидејќи ми е единствено превозно средство. Бидејќи тие пари се НАШИ !!! Со наши пари одат на работа, натокмени, во скапи коли, а тие што ве плаќаат (народот) се вози на точак, во автобус или кола пред распаѓање. И нели ќе ги вратевте парите од Белизе шо ги крадеше фамилијата? Кај се? Иде есен, ќе фатат дождови, мене платата уште ми е 250 евра, а кровот ненапраен. Треба да се срамите СИТЕ до еден, од 91- ва до денес. Чисто за споредба, на другарка ми сметката за струја во Минхен и е 100 евра, а платата 2500 евра. Да ве прашам: не се срамите од сето ова? Не ви е непријатно кога гледате беда кај народот, а вие ги имате сите услови за луксузен живот и тоа од пари кои токму овој беден народ ви ги дава? На Грујо не му беше срам, бидејќи таков ментален склоп е за под строг медицински надзор. Затоа вас ве прашувам: НЕ СЕ СРАМИТЕ ???

Фросина Ѓорѓиовска

https://www.facebook.com/VladaMK/posts/1938903439502171?__tn__=-RH-R

Слични Објави