Јоханис: Истокот е закана, бараме повеќе американски војници
Претседателот на Романија Клаус Јоханис истакна дека главна закана за европската безбедност е “непријателското однесување на Истокот”. Романија го охрабрува зголемувањето на американското воено присуство во земјата, додава Јоханис.
Порано оваа година романскиот министер за одбрана, Михаи Фифор, побара постојано американско воено присуство во воената база Михаил Когалничеану во источна Романија. Јоханис наведе три причини за неговото барање. Првата се однесува на “зајакнувањето на солидарноста во НАТО, вклучително и преку консолидирање на трансатлантските односи”, рече претседателот. Во овој контекст, земјата ги поддржува активностите на американските војници на нејзина територија.
Второ, Романија го поддржува развојот на партнерството со НАТО и ЕУ. Како трета причина Јоханис ги наведе единството, кохерентноста и консолидацијаа на сојузничките мерки во источниот дел на Алијансата.
