| |

Јотова: Очекувам целосен извештај од службите за дронот што падна кај Кардам

Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека институциите се во постојана координација по падот на украински дрон кај Кардам и дека се очекуваат извештаи од службите за неговото потекло, функција и причините за инцидентот, јавува БГНЕС.

Јотова рече дека началникот на одбраната одржува постојан контакт со украинските и романските партнери и оти истрагата треба да обезбеди што е можно повеќе проверени информации за бугарските граѓани.

„За мене најважна во овој момент е безбедноста на бугарските граѓани“, изјави таа, критикувајќи ја политичката употреба на инцидентот.

Претседателката оцени дека Бугарија располага со недоволни капацитети за справување со дронови и повика државата да ги поддржи домашните компании што произведуваат дронови и антидрон системи.

Јотова побара и засилен дипломатски притисок за мирно решение на војната во Украина и предложи средба на црноморските држави, без Русија, за зајакнување на безбедноста и заштита на трговското поморство.

„Зошто Бугарија да не биде иницијатор?“, рече Јотова.



Слични Објави