ЈОВЕСКИ ЌЕ ГИ ПОТПИШЕ РЕШЕНИЈАТА ЗА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЈО

/

Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму ја чекаат септемвриската плата откако шефицата Катица Јанева беше разрешена, па немаше кој да ги потпишува решенијата, јавува МКNews.

Од министерството за правда велат дека републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределба на вработените, да потпишува плата или практично да го менува специјалниот јавен обвинител со сите овластувања во однос на вработените.

Вработените кои секојдневно одат на работа, алармираат дека освен платата што ја немаат земено, за институцијата не се платени ниту сметки за струја, ниту за кирија и сѐ поизвесно е дека зградата во која „бомбите“ требаше да бидат на безбедно, ќе остане без струја. Ако се случи ова нема да работат ниту безбедносните камери, ниту аларамите и прислушуваните разговори ќе останат необезбедени, односно нема веќе кој да ја гарантира нивната безбедност.





Претходна статија

ГДУ-ШТИП: ГОЛЕМА ПОДЕЛБА НА СДСМ ВО ШТИП, НА ЕДНИОТ МУ Е ЛАДНО НА ДРУГИОТ МУ Е ТОПЛО!!!

Следна статија

(ВИДЕО) КОГА ЌЕ ГО ИЗГУБИШ НАТПРЕВАРОТ, БИДЕЈЌИ НА ДВЕ МОМЧИЊА ИМ ТЕКНАЛО ДЕКА СЕ ДЕВОЈЧИЊА

Најново од Вести