ДЕЛА ОД 56-ТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ВО КУМАНОВО

Изложба на слики од 56-та Интернационална струмичка ликовна колонија ќе биде отворена вечерва во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Присутните на вечерашната изложба ќе имаат можност да видат дела од 14 уметници од Бугарија, Полска, Грција, Србија, Русија, САД и од државава коишто годинава создале дваесеттина дела инспирирани од непосредното опкружување и од знаменитостите на градот Струмица. Изложбата ја организира НУ „Антон Панов“ – Струмица. -Вечерва кумановци ќе имаат можност да разгледаат дваесет дела од кои 19 слики, работени во техниката масло на платно и еден мозаик. Ги поканувам љубителите на ликовната да ја проследат изложбата, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот Центар за култура. Изложбата се презентира во Куманово како резултат на добрата соработка меѓу Центрите за култура од Куманово и Струмица изминатите дваесеттина години. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до наредната недела.
Дела од 56-та Интернационална струмичка ликовна колонија во Куманово



Претходна статија

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИ НА САЕМОТ НА КНИГАТА ВО ФРАНКФУРТ

Следна статија

ОБЈАВЕНИ ДВЕ КНИГИ ЗА АНТИЧКИОТ ЈУНАК ХЕРКУЛЕС

Најново од Култура