|

ЈП комунална хигиена отстрани повеќе обемни диви депонии во Гази Баба, Аеродром и Карпош

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти големи количества отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош.

На последната постројка на автобусот 45 во населбата Ченто, беше отстранета обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и органски отпад.

„Подигнати се и 15 кубни метри претежно градежен и кабаст отпад одложени на јавна површина на улицата Васко Карангелевски во општината Аеродром. Екипите на Претпријатието интервенираа и на неколку локации во општината Карпош, каде што се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен отпад на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и две диви депонии лоцирани на улиците Никола Парапунов и Јуриј Гагарин, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа““,велат од ЈП комунална хигиена.

Слични Објави