| |

К. ЈАНЕВА: БУЏЕТОТ НА СЈО НАЈМНОГУ ГО ТРОШИМЕ НА ВЕШТАЧЕЊА

Во интервју за дневниот весник „Независен“ обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева појаснува дека поголемиот дел од буџетот за Обвинителството се троши на вештачења. Јанева вели дека со новиот закон буџетот останува ист и никој не може да влијае врз истиот.

„Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите, вели Јанева.

Според обвинителката сегашната влада имала добар сенс за правосудството и за подобрувањето на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела.



Слични Објави