К. СИНАДИНОВСКА: ОЧАЈНО НИ ТРЕБА КУЛТУРНА РЕВОЛУЦИЈА И РЕНЕСАНСА НА СВЕСТА

„Невидениот фатализам, овој постојан екстремизам со кој се пристапува на порази (па и победи) во спортот, културата, музиката… отсликува инфантилност на поединецот, граѓанинот и на самата држава и општеството.
Разбирливи се и тагата и радоста, како емоции. 
Не е разбирливо тие да се движат во распон кој почнува кај чувството на планетарна супериорност, а завршува кај крајот на светот. 
Очајно ни треба некоја културна револуција, ренесанса на свеста, скок по скалите на зрелоста“, напиша на својот facebook профил новинарката Катарина Синадиновска.