|

Како да се заштитиме од пожари – директорот Стојанче Ангелов со апел до граѓаните

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов апелира до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари.

Како главни причини за избувнувањето на пожарите, Ангелов ги посочи палењето на оган и скара на отворено, палењето на стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат кој искри и за кусо време може да предизвика огнена стихија.

„И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“, предупредува Ангелов.

Во моментов е локализиран големиот пожар што вчера во текот на целиот ден беснееше кај Богданци, но се уште има жаришта. Пожар денес избувна и во близина на Сопотница, Демир Хисарско.

Ангелов упати голема благодарност до исклучително професионалните и храбри пилоти на Ер Тракторите и хеликоптерите како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и Национални Шуми и градоначалниците, како и вработените во ЦУК кои ги координираат сите набројани единици и ресурси.



Слични Објави