| |

КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО?!

Водата во Дојранското Езеро е во ОДЛИЧНА СОСТОЈБА и е БЕЗБЕДНА за капење и рекреација на луѓето!

Почитувани сограѓани и туристи, според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.
Од почетокот на летото ова е второ тестирање на езерската вода со сосема исти резултати кои ја истакнуваат нејзината одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
Во прилог се извештаите од стручното мислење за здравствената безбедност на водата од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.



Слични Објави