Камала Харис најави преку 1,5 милијарди долари дополнителна американска помош за Украина
Американската потпретседателка Камала Харис најави нова помош од над 1,5 милијарди долари за Украина, главно за енергетскиот сектор и хуманитарна помош, повеќе од две години по руската инвазија, јавува АФП, пренесува БГНЕС.
Харис, која присуствува на дводневниот мировен самит во луксузното планинско одморалиште Бургенсток во Швајцарија, рече дека помошта вклучува 500 милиони американски долари ново финансирање како енергетска помош и пренасочување на уште едно претходно најавено финансирање во висина од 324 милиони долари за енергетиката.