КАНАДА СО ПОДДРШКА НА ПОЛИТИКИТЕ НА ЗАЕВ

//

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада за Европската Унија и Европа.

На средбата е пренесена поддршка од канадскиот премиер, Џастин Трудо на прогресивните политики на премиерот Зоран Заев, коишто, како што е оценето бележат напредок во клучни области, како што се заложбите за владеењето на правото, економијата, одржлив развој на земјата.

Изразена е поддршка од Канада, како еден од најдобрите партнери на ЕУ, на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, откако Канада даде поддршка за членството на нашата земја во НАТО, преку веќе ратификуваниот Протокол за членство во НАТО.

Констатирано е дека е важно да продолжат процесите на европските интеграции за државите од Балканот, коишто работат на имплементацијата на европските вредности, како придонес во стабилноста и развојот на Балканот, а и на самата ЕУ, но и во име на почитувањето на принципот на вреднување на сработеното и заслугите.



-Низ консензус ги изгласавме клучните реформи во правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, борбата против корупцијата. Денес и низ конкретен пример ја покажуваме нашата цврста определба за справување со корупцијата и примената на законите еднакво за сите. Очекуваме и за важниот Закон за јавно обвинителство до крајот на август да биде изнајдено заедничко решение. НАТО интеграциите веќе се одразуваат на растот на економијата. Нашите очекувања се дека во октомври ЕУ ќе го овозможи нашиот следен чекор во интеграциите со што државата ќе ја добие значајната мотивација да продолжи напред по вистинскиот пат, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев изрази благодарност до канадскиот премиер Трудо и до специјалниот пратеник Дион за поддршката од Канада во евроатланските процеси и за принципиелната поддршка од Канада во сите досегашни демократски процеси.

Претходна статија

КОЈ ГО ФАТИ ВАКА ЗА ГЛАВА РАМУШ ХАРАДИНАЈ? (ФОТО)

Следна статија

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА БОРБАТА ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Најново од Вести