КАРАКАЧАНОВ: КАКОВ И ПРОБЛЕМ ДА СЕ ПОЈАВИ ВО СРБИЈА, ЗА БЕЛГРАД СЕКОГАШ Е ВИНОВНА БУГАРИЈА
„Секогаш кога има проблем во Србија, виновна е Бугарија“. Ова го изјави министерот за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за БТВ.
“Повеќе од 100 години, Србија ја користи Бугарија како плашило. Ние никогаш не сме имале претензии за српски територии. Бугарското малцинство во Србија се жали на кршење на нивните права. Поради условите нашите сонародници таму ја напуштат територијата на Србија, можеби целта е токму таа овие територии да останат без население “, рече министерот за одбрана на Бугарија.
„Нашите сограѓани во Босилеград и Цариброд се незадоволни од политиката на српската влада во однос на образованието на нивниот мајчин јазик и други права. Дел од раководството на таканареченото малцинство се луѓе удобни на владата во Белград. Тие не се толку активни како што тоа го сака самото население “, рече Красимир Каракачанов.

