БИЛ НА ЛИСТАТА ЗА АПСЕЊЕ, ГО ФАТИЛЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Уапсено лице кое сакало да ја напушти Македонија. Имено, вчера попладне на Граничен премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, од слобода било лишено лицето К.Ѓ. (63) од Скопје поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по барање на СВР-Скопје.
Откако бил уапсен, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

