БУГАРСКИ КОМПАНИИ СКЕНИРААТ ТЕРЕН ЗА ФОТОВОЛТАИЦИ ВО ОРЛАНЦИ КИЧЕВСКО
Две бугарски компании го скенираат теренот во кичевските села Орланци и Цер за изградба на две фотоволтаични централи. Имено поради добрата клима за инвестиции и одличниот терен и местоположбата на овие две села бураските Солар про ЛТД и Солар бг ЕООД се одличиле да инвестираат во овој региион на државата. Имено еден од главните директори со потекло од Орланци кој живее во Враца Бугарија се одлучил на овој чекор. Исто така во тек се преговори и со слични компании од соседна Бугарија за испитување на геолошки состав на земјиште во околните села како и испитување на минерални и термални извори во село Козица.