| |

Каракачанов: Скопје не сака да развива економски и културни односи со Бугарија

„До овој момент се потпишани неколку договори од различни бугарски влади за изградбата на железницата Софија-Скопје и Коридорот бр 8. Сите тие економски проекти беа запрени од страна на Скопје “, тврди во објава на социјалната мрежа Facebook поранешниот министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов.

Според него РС Македонија не сака да развива економски и културни односи со Бугарија затоа што смета дека тоа ќе донесе со себе „навлегување на вистината и фактите на нивната територија, која како што тие сметаат треба да се зачува од бугаризација“.

„Тие не сакаат да развиваат економски и културни односи со Бугарија, затоа што сметаат дека тоа ќе донесе со себе, големо навлегување на вистината и фактите на нивна територија, за која сметаат дека треба да се зачува од бугаризација“, стои во објавата на Каракачанов.

„За да се развиваат односи се потребни двајца, но во годините наназад видовме дека нема двајца, туку само еден и тоа е Бугарија“, пишува поранешниот министер за одбрана на Бугарија.



Слични Објави