Каракачанов со критики кон Борисов: Не можеш да плукаш, не можеш да свртиш грб на решение што самиот си го бранел како премиер, само за да му се допаднеш на Западот

//


Поранешниот министер за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов во долг facebook статус упати критика до неговиот поранешен колега во Владата, премиерот Бојко Борисов заради неговите ставови изнесени на денешната средба со премиерот на РС Македонија Зоран Заев.

„Нема како да не ми направи впечаток острото свртување што поранешниот премиер го направи за време на разговорите. Да се напишел договор? Требало дијалог за да не се мразат двата „народи“, „нации“. За какво зближување и заеднички младински акции станува збор?“, вели Каракачанов.

Според поранешниот министер за одбрана водечко е прашањето зошто народот од двете страни на границата се мрази. А одговорот на ова прашање според Каракачанов бил едноставен.

„Коментирновскиот проект на Сталин и Георги Димитров којшто го создаде овој Франкенштајн на Балканот наречен „македонска нација“ наметна една тотално опасна и штетна теза- тезата на македонизмот. Македонизам кој постои само на база на омраза кон Бугарија и Бугарите. Истиот македонизам во чие име биле убиени илјадници луѓе во Вардарска Македонија а десетици илјади други биле малтретирани само затоа што се нарекувале Бугари“, пишува Каракачанов.

Лидерот на ВМРО е дециден дека не може да се остави на страна една одлука којашто како премиер си ја бранел, само за да оставиш добар впечаток кај некои фактори на Запад. Во својот напис Каракачанов вели дека Бугарија не треба да ја сменува својата позиција и ги повикува претседателот и премиерот на Бугарија да стојат цврсто позади државната позиција и да не потклекнуваат пред предлозите за нови патокази и реализација на инфраструктурни проекти.



Претходна статија

Николовски, Спасовски, Бочварски, Рустеми: Изградбата на Коридорот 8 е стратешка цел на Владата

Следна статија

Заев: Немаме проблем со отворање на историските архиви

Најново од Вести