Каракачанов: Во Бугарија нема македонско малцинство

//

„Време е бугарските институции, во лицето на претседателот Радев и на Министерството за надворешни работи, да дадат јасен сигнал до Амбасадата на САД дека нема да толерираат никаков притисок во однос на историската вистина и правата на луѓето со бугарска етничка припадност во Северна Македонија“, се вели во реакцијата на претседателот на ВМОРО Красимир Каракачанов по повод поставено прашање од американски конгресмен за правото на здружување на т.н. Македонското малцинство во Бугарија.

Станува збор за прашање на Клаудија Тени за правото на здружување на т.н Македонското малцинство во Бугарија во еден од поткомитетите за надворешни работи на Конгресот во САД до Габриел Ескобар. Тој е заменик помошник државен секретар на САД и претставник за Западен Балкан.

Клаудија Тени е републиканка и членка на група во Конгресот која работи на Северна Македонија. Според Каракачанов, иако Тени е претставник на републиканците, таква ситуација не би била можна за време на претседателот Трамп.

„Очигледно, госпоѓата не е запознаена и е активна во освојувањето поени, но она што е полошо е што оние кои се задолжени во администрацијата на претседателот Бајден се уште помалку запознаени. Но, очигледно тоа воопшто не ги интересира и на најнепромислен начин се обидуваат да извршат притисок врз Бугарија“, вели Каракачанов.

Со ваквите изјави, САД можат да добијат аплауз од политичката елита во една мала, корумпирана и тотално антидемократска земја каква што е Северна Македонија, но убеден сум дека конечно ќе ја изгубат довербата на Бугарија – земја со илјада години историја, мудри луѓе и со клучно значење на картата на Европа, вели лидерот на ВМРО.





Претходна статија

Филипче: Воведовме нов метод за лекување на пациенти со мозочно крвавење

Следна статија

За грешните историски митови во РС Македонија и формирањето на Заедница за безбедност на Балканот

Најново од Вести