КАСТИНГ ЗА НЕВРАБОТЕНИ АКТЕРИ ЗА МУЗИЧКО-ТЕАТАРСКИ ПЕРФОРМАНС

„Јавна соба“ во соработка со режисерката Теа Беговска в недела (12 јануари) од 14 до 18 часот организира кастинг за невработени дипломирани актери за учество во музичко-театарски перформанс.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават со име и презиме и возраст на електронската адреса: [email protected].

– Од актерите се бара да имаат вокално-музички способности. Деталите за перфомансот, времетраењето, хонорарот и за целиот ангажман на избраните кандидати ги добивaте по изборот на актерите. Деталите за подготовка за кастингот ги добивате на мејл откако ќе се пријавите, се наведува во отворениот повик за кастинг.



Слични Објави