КАТАСТАРСКИ ПАРЦЕЛИ ПРЕЗЕНТИРАНИ НА РОЧИШТЕТО ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ”

На денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“ имаше презентација на материјалните доказите на обвинителство, а тоа за кратко го одложи барањето на обвинителот Бојан Јовановски, кој од судот побара дозвола да изрази сочувство за починатиот бизнисмен Енвер Малиќи.

loading...

– Судот не може да претставува медиум како што тврдеше обвинетиот. Новите барања за изземање на судскиот совет можете да ги поднесете писмено, посочи судијката Гаврилова Ефремова.

Застапникот на обвинението, обвинителката Милица Гаврилова, на денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз”, презентираше “What’s App”, комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, меѓу кои и лицето Адриан Амзоски.


loading...

Од презентираните материјали можеше да се уочи како Амзоски, на обвинетиот Боки-13, му има пратено слики од различни катастарски парцели, од кои дел во Карпош и булевар Илинден. Исто така, беа презентирани и фотографии, а на една од нив може да се видат заедно, во друштво на едно женско лице, обвинетиот Боки-13 и актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.