КАТИЦА ЈАНЕВА УТРЕ ЌЕ БИДЕ СОСЛУШАНА ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКА

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна на снимките на италијанскиот медиум „Ла Верита” за случајот „Рекет”, утре треба да се појави во обвинителството во улога на сведок за да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.

До сега за случајот кој ја тресе македонската јавност беа сослушани обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. Исказ даде и шефицата на кабинетот на Јанева.