КАВАНИ ДОГОВОРИЛ ТРИГОДИШНА СОРАБОТКА СО АТЛЕТИКО МАДРИД

Тренерот Диего Симеоне очигледно го договорил првото засилување, но за следното лето, барем така тврди спортскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Ди Марцио откри дека Атлетико Мадрид ги договорил сите услови со Едисон Кавани, кој ќе потпише тригодишен договор.

Кавани на крајот на сезоната ќе стане слободен фудбалер, откако ќе му заврши договорот со францускиот шампион.

Уругваецот сигурно би бил многу добро засилување за Атлетико, па останува уште официјална потврда од екипата од Мадрид.

Извор: Спорт1



Слични Објави