Керемедчиев: Бугарија треба смирено и разумно да ги прифаќа провокациите од РС Македонија и да го информира Брисел за истите
Нема спор и нема бугарско вето за почеток на преговарачкиот процес за влез на Северна Македонија во ЕУ. Ова во интервју за Бугарското национално радио го изјави поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија Милен Керемедчиев. Во моментов има европско вето, прецизира тој. Според него, ЕК е главен арбитер во овој спор и тој веќе не е билатерален.
Според Керемедчиев, Бугарија треба многу смирено и разумно да ги прифаќа провокациите од страна на РС Македонија, да ги забележува, документира и испраќа до Брисел.
„Никако не треба да ги омаловажуваме, за нив треба се прават извештаи, секоја провокација треба да се забележува, документира и испраќа до Брисел. Се додека го правиме тоа и покажеме дека Северна Македонија продолжува да ги прекршува своите обврски, нејзиниот пат кон ЕУ се оддалечува и нема да има притисок врз Бугарија да ја смени својата позиција, бидејќи проблемот станува паневропски, се нарушуваат европските вредности, што ја оддалечува Северна Македонија и ја одвојува од Албанија, која тивко и мирно го започна преговарачкиот процес за членство во ЕУ“.