|

Кичка Бодурова изведе спектакуларен концерт по повод 50 години на сцена

Бугарската музичка ѕвезда Кичка Будурова одржа спектакуларен концерт во преполната сала 1 на НДК, јави репортерот на БГНЕС.

Концертот беше по повод нејзината 50-годишна креативна кариера. Сакам да правам концерт кој има значење – 50 години на сцена. Кариерата ја започнав еден месец откако завршив средно училиште, изјави таа пред концертот.

“Сакав моите песни да допрат до мојата публика. Го задржав мојот стил и го зачував до крај”, рече таа. На сцената со неа беа и танчерите од групата Максимус. Специјален гостин на концертот беше грчкиот пејач Диоген.

Кичка Бодурова има 30 албуми. Таа пее на 5 јазици: бугарски, германски, англиски, руски и грчки. Бодурова досега има одржано концерти во Европа, Азија, Северна Америка, Австралија и Африка. Живее во САД од 1991 година.

Фото: БГНЕС

Слични Објави