КИДНАПИРАН КРАДЕЦ ОД КАЗИНО

Во Полициската станица Карпош, М.Ш.(55) од Скопје пријавил дека бил грабнат од неговите пријатели М.Н. и Ф.Ј.

Жртвата во полициска станица изјавила дека имале договориена средба во слаткарница во врска кражба што пријавителот ја извршил на 19 овој месец во казино, каде што работела М.Н.

После тоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и го тепале.

После половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде М.Ш. бил приведен во врска со кривичното дело кражба.

Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода, а подоцна бил приведен и Ф.Ј.(35) од Скопје. Полицијата извести дека е започната потрага по М.Н. за целосно расчистување на случајот.