|

КИК- БОКС КЛУБОТ „ФАЈТ ТИМ“- СКОПЈЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „БАЛКАН БЕСТ ФАЈТЕР 2019“ ВО НИШ

На овогодинешното меѓународно првенство по кик- бокс „Балкан Бест Фајтер 2019“, кое се одржува од 15-17 ноември во Ниш, кик- бокс клубот „Фајт Тим“- Скопје, ќе настапи со своите членови врвни спортисти, Викторија Ивановска, Александар Глушкин и Борјан Трајков.

Спортскиот тренер на кик- бокс клубот „Фајт Тим“- Скопје, Тони Стојановски, кој неуморно и максимално ги поддржа за време на спортските припреми своите натпреварувачи кој ќе настапат на ова значајно првенство, изјави дека е голема честа и задоволство да се работи со вакви млади спортисти кои пред нив претстои голема спортска кариера.

„Јас како трнер се надевам на златен медал бидејќи се работи за спортисти со големи спортски капацитети, кои ќе излезат храбро да се натпреваруваат, а со самото нивно учество воедно и ќе придонесат за спортот и кик- боксот како спортска дисциплина во нашата држава. Ова лично мене посебно ме прави горд како нивни тренер. Да се радуваме, гордееме и да ги бодриме сите ние заедно за нашите натпреварувачи!- изјави тренерот на кик- бокс клубот „Фајт Тим“- Скопје, Тони Стојановски.

Слични Објави