|

КИМ ЏОНГ-УН ВЕТИ БОРБА ПРОТИВ САНКЦИИТЕ

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции, за кои рече дека донеле „многу тешкотии и искушенија“ за неговата земја.

Државните медиуми денес го прикажаа Ким како се качува на планината Пекту на бел коњ.

Пекту, највисокиот врв на Корејскиот Полуостров, Севернокорејците го сметаат за свет, а Ким често оди таму пред да донесе најважни одлуки, како што беше влегување во преговори со САД и Јужна Кореја минатата година.

Агенцијата КЦНА објави дека Ким, исто така, ги посетил околните градежни места и зборувал против санкциите воведени заради севернокорејската нуклеарна програма.

Нуклеарните разговори меѓу САД и Северна Кореја пропаднаа претходно овој месец.



Слични Објави