КИНЕСКИ НАУЧНИЦИ ОТКРИЈА СВИНСКИ ГРИП, КОЈ ЛЕСНО МОЖЕ ДА ЗАРАЗИ ЛУЃЕ
Научници во Кина открија нов вид вирус на грип кој би можел да прерасне во пандемија, јавува Би-Би-Си. Тој неодамна се појавил кај свињи, но, како што велат, со него може да бидат заразени и луѓе.
Истражувачите се загрижени дека може дополнително да мутира и да започне лесно да се шири од човек на човек и да предизвика глобална зараза.
Иако сè уште не е проблем, научниците тврдат дека ги има „сите карактеристики“ на висока прилагодливост кон луѓето и потребно е внимателно да се следи, а бидејќи е нов, луѓето имаат мал или никаков имунитет кон вирусот.

