Кирил Илиев за Фрог Њуз: Претепувањето на Христијан е ескалација на опасна серија од насилства во РСМ
Фрог Њуз: Зошто и како дојде до бруталното претепување на нашиот сонародник Христијан Пендиков во РСМ
Кирил Илиев: Бруталното претепување на Христијан Пендиков може да се сфати како ескалација на опасната серија на акти на насилство врз Бугарите и нивните културни клубови во РС Македонија.
Да потсетиме дека пред неколку месеци беше запален бугарскиот клуб во Битола, потоа имаше напад со секира врз клубот во Охрид, неколку дена потоа имаше пукање, повторно кон истиот клуб, а кулминацијата на овие злосторства беше обидот да се убие секретарот на друштвото таму Христијан Пендиков. Нишката што ги обединува овие злосторнички дела е нетрпеливоста кон Бугарите, бидејќи сите тие, без исклучок, се направени од омраза кон луѓето со бугарска самосвест во Македонија.
Фрог Њуз: Според вас, поради каква причина се случи оваа ескалација на тензиите во РСМ, на Македонците против Бугарите?
Кирил Илиев: Има суров парадокс во Вашето прашање. Се сеќавам на зборовите на Христо Миланов Матов, син на револуционерот Милан Матов од Струга, кој рече: „Македонец значи добар Бугарин“. Македонија ѝ даде толку многу на Бугарија: интелектуалци, политичари, писатели и генерали… Пред повеќе од 100 години грчката вооружена пропаганда ја крена паролата „Бугарин да не остане“, дистрибуирана на пропагандни грчки картички со ликот на нивниот народен херој Павлос Мелас. Излегува дека по повеќе од сто години во Македонија се појавиле следбеници на Мелас, кои исто така ги прогонуваат Бугарите и сакаат да ги избркаат од нивните домови. Но тие што се против Бугарите во Македонија не можат да бидат добри Македонци.
Фрог Њуз: Дали според Вас има директно виновни или одговорни за овие тензии?
Кирил Илиев: Во однос на причините и одговорните за тоа што се случи, мораме да земеме предвид два фактори: пред сè, бугарската политичка класа, која со години гледаше со „широко затворени очи“ не само на македонските Бугари, туку и на оние во Србија и воопшто на Бугарите зад граница. Прашањето за Македонија доаѓа на дневен ред само пред избори, кога ја лажат јавноста, а бугарските политичари традиционално немаат дилеми да си играат со таков емотивен момент за сите нас, како што е прашањето за македонските Бугари. Цинично е, но фактите се такви.
Од друга страна, политичката елита во Македонија, која со своето недејствување во однос на злосторствата од омраза врз Бугарите, стана соучесник во тепањето на Христијан. Театарот во моментов повторно игра пред нашите очи со посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ја посети Софија со цел да го оттргне вниманието од македонската политичка елита. Тој покажа целосна незаинтересираност во однос на етничката нетрпеливост кон Бугарите. Молкот на премиерот и министерот за внатрешни работи во Република Македонија кажува многу.
Фрог Њуз: Според вас, што треба да се направи, гледано и од историска перспектива, за да се смири тензијата меѓу Македонците и македонските граѓани со бугарска самосвест?
Кирил Илиев: Пред се, важно е политичката елита во Северна Македонија да не ја занемарува етничката тензија во земјата. Законите мора да се применуваат со сета своја строгост против луѓето кои ги кршат, мотивирани од омраза и нетрпеливост. Потоа да се состане заедничката мултидисциплинарна историска комисија, која ќе ја врши својата работа.
Важно е луѓето во Македонија да ја читаат историјата онаква каква што е – рефлектирана конкретно од историските извори, а не како што е конструирана од времето на Југославија. Потребно е јавно да се објават документите, кои се фалсификувани, како и авторите на овие фалсификати – фалсификувањето на историските документи е обид за напад врз историската наука, кој не треба да се крие од македонските граѓани. Ова е најдиректниот пат за оваа земја кон Европската унија. Се друго би значело дека Македонија се врти во маѓепсан круг, обвинувајќи го целиот свет за сопствените неуспеси.
Интервју на Ирина Тодорова