|

Ќе ја рушиме секоја бариера пред нас, особено криминалните монополи: порака на Груби до обложувачниците

Преку статус на социјалните мрежи, првиот вицепремиер Артан Груби со порака до обложувалниците дека власта е решена да ја руши секоја бариера која ќе и се испречи на патот и дека се решени да ги демонополизираат сите индустрии, особено криминалните монополи.

„Кој две години го попречува и блокира законот за коцкање со кој:
– кладилниците и казината се на 500 метри од нашите деца и училишта
– Заштитува и спречува малолетници да се вклучат во коцкање.
– Ги зголемува приходите во буџетот, преку зголемување на даноците и цената на лиценците, кои помагаат на културата, спортот, медиумите.
Кој го штити 15-годишниот монопол даден на бугарско-српско-македонска компанија за организација на коцкање, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?
Кој од албанската опозиција лобираше за измена на законот во корист на казината?
Законот е одобрен од Владата, очекуваме пратениците веднаш да го поддржат.
Отстранувањето на казината и обложувалниците како и демонополизацијата на индустријата се политики и програми на Демократската унија за интеграција, но и Владата одобрени во Собранието.
Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на соживот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво нема да не спречи во нашата решеност да им ја одземеме коцката на нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!

Нема да не спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, порачува Груби.

Од АСОМ деновиве реагираат дека со законските решенија, поединци од власта сакаат да ги истиснат домашните компании надвор од пазарот. Од таму испратија порака до пратениците да реагираат навреме и да го отфрлат деструктивниот предлог-закон за игри на среќа.

Слични Објави