|

(Видео) Телефоните на мртвите сè уште ѕвонат: расте бројот на жртви во двата напада во Харков, се споделуваат грозоморни видеа

Претставничката на Украина за регионот Харков, Марија Мезенцева, потврди за „Скај њуз“ дека бројот на загинати во нападот на кафуле во селото Хроза се искачи на 55, откако претходно во петокот извештаите покажаа дека бројот на жртвите е 52, според регионалниот гувернер, Олех Синјехубов.

„За жал, ова е тероризам со кој се соочуваме секој ден во различни региони на Украина“, рече таа.

Досега со ДНК тестови се идентификувани повеќе од 30 лица од 55 кои го загубија животот, меѓу кои и шестгодишно момче кое исто така е мртво, а повредено е и новороденче, објавија властите.

Регионот исто така беше под оган во текот на ноќта во ракетен напад во кој загинаа 10-годишно момче и една жена, а беа повредени 23 лица.

„Вчера страшно попладне и денес страшно утро“,  рече Мезенчева и додаде: толку е нехумано, тоа е целосно цивилно место.

Во ноќниот напад загина едно момче, а подоцна беше потврдено дека е убиена и неговата баба.

„Момчето беше убиено кога Русија го погоди вториот по големина град во Украина со две балистички ракети Искандер. Уште 23 лица се ранети, меѓу кои и едно 11-месечно бебе“, изјави регионалниот гувернер Олех Синјехубов.

Таткото на момчето, Олех Бичко, изјави за „Ројтерс“ дека успеал да ги извлече од урнатините својот помал син и неговата сопруга по ударот. Шокираниот татко не можеше да најде сила да каже многу повеќе од тоа.

Потврдена е смртта на 68-годишна жена, додека итната помош продолжува да ги расчистува урнатините, рече Сињехубов.

„Спасувачите го пронајдоа телото на 68-годишна мртва жена – баба на мртвото 10-годишно момче и неговиот ранет 11-месечен брат – на местото каде руска ракета погоди станбена зграда во Харков. “ напиша тој на Телеграм.

Kharkiv, Russian strike this morning.
A child, a boy, 10 years old… My condolences to his family and loved ones!
Over 20 people have been injured. All the injured are receiving the necessary assistance.
The rescue operation is ongoing, and I thank everyone who is helping our… pic.twitter.com/gfgAdsSq7N

— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 6, 2023

Луѓето од сите семејства во украинското село Хроза беа погодени од ракетен напад во четвртокот во кој загинаа десетици луѓе, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Украинските власти соопштија дека руска ракета погодила кафуле и продавница за време на погреб на украински војник.

„Присутни беа луѓе од секое домаќинство“, рече Клименко, пренесе Гардијан.

Во коментар за украинската телевизија, тој рече дека пред нападот во четвртокот во Хроза имала 330 жители.

Тој вели дека „секое семејство, секое домаќинство“ на комеморацијата го претставувало барем едно лице.

Во петокот Кремљ го повтори своето тврдење дека руската војска не напаѓа цивилни цели во Украина.

Спасувачите ги пребаруваа урнатините по телата по, како што рече Киев, еден од најсмртоносните напади на Русија врз цивили од инвазијата минатата година.

Вознемирувачка снимка: Телефоните на убиените во Хроза непрекинато ѕвонеа по веста за нападот

The aftermath of yesterday’s Russian missile strike on Groza village in Kharkiv region.

The phones of the people killed by Russia kept ringing. Imagine the person on the other end who kept trying to find out if their loved ones were safe.

Look at the scale of destruction in the… pic.twitter.com/neO1CcA8DR

— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 6, 2023

По вчерашниот напад на селото Хроза, телефоните на жртвите сè уште ѕвонеа, објави на X, поранешен Твитер, украинскиот функционер Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи.

„Замислете ја личноста од другата страна која се обидуваше да открие дали нивните најблиски се безбедни“, напиша Герашченко покрај објавата на потресното видео.

Слични Објави