СУДОТ ПОВИКА БРЗА ПОМОШ ДА ГО ПРЕГЛЕДА ЈОВАНОВСКИ ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО СЛЕДИ СУДЕЊЕТО

//

Екипа од Брза помош е повикана во судот да утврди дали првообвинетиот во случајот “Рекет” Бојан Јовановски може да го следи денешното рочиште.

На самиот почеток на судењето, адвокатот на Јовановски забележа дека вчера врз неговиот клиент воопшто не бил извршен конзилијарен преглед, како што тоа го побара претседателката на Судечкиот совет. Наместо тим од специјалисти, Боки 13 го прегледал само дежурен лекар чиј наод се уште не е пристигнат во Судот.

„Јас како бранител на Бојан Јовановски пред се како човек сакам да ве известам за следново. Вие донесовте процесно решение за да се изврши конзилијарно мислење за тоа дали е во состојба да ги прати судењата. Во текот на денот беше однесен на Клиниката за гастро, не беше формиран ниту еден конзилиум, не беше прегледан од никого и по негово кажување, колку што можев да разберам, лекарот, некој си Арсим, констатирал дека не може да се изврши конзилијарно мислење пред се поради тоа што нема медицинска документација и бидејќи истото се прави од повеќе лекари, а имало само дежурен лекар. Јовановски не е во состојба да го прати овој судски процес, барем не на денешното рочиште. Со него не сум се видел пет дена, а не можам ни да комуницирам бидејќи е неконтактбилен. Тој единствено ме извести дека трпи ужасни болки во пределот на абдоменот, а пред рочиштево му се дадени огромен број на седативи и средства за болки”, посочи Дуковски.



Судијката одби да го одложи рочиштето, објаснувајќи дека нема добиено информација дека тој вчера не е прегледан, ниту пак утрово добиле известување од затворскиот лекар дека Јовановски не може да ја следи расправата.

Претходна статија

ПОЛИТИКА: НАТО ВОЗДРЖАН НА ПОВИЦИТЕ НА ЦРНА ГОРА ЗА ВЕРСКИОТ ЗАКОН

Следна статија

МВР СО ДЕТАЛИ: 18- ГОДИШНИК ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО АВТОБУС

Најново од Вести