| |

Ќерката на Чарли Чаплин – Џералдин, гостинка на 27-от меѓународен Софија Филм Фест

Џералдин Чаплин – првата ќерка на легендарниот Чарли Чаплин, ќе биде специјална гостинка на 27-от меѓународен Софија Филм Фест кој ќе се одржи во март. Таа ќе ја добие Наградата на Софија на Столична општина и ќе го претстави филмот „Лука“ на режисерката Џесика Вудворт, во кој таа ја толкува главната улога. Џералдин Чаплин е првата ќерка на Чарлс Чаплин и Уна О’Нил и внука на нобеловецот Јуџин О’Нил.

Родена е во Санта Моника во 1944 година. Голем дел од детските години ги поминала во швајцарски пансион. Првичната амбиција на Џералдин била да стане професионална балерина. Таа решила да го напушти колеџот и да студира на Кралската балетска академија во Лондон, каде што била примена во 1961 година. Професионално танцувала една година во Париз, каде Дејвид Лин ја открил и ја поканил да глуми во Доктор Живаго (1965). За време на нејзината 12-годишна врска со режисерот Карлос Саура, Џералдин Чаплин глумеше во некои од нејзините најуспешни филмови, меѓу кои „Пеперминт фрапе“ (1967), „Ана и волците“ (1973), „Елиса живот мој“ (1977). А „Одгледувај Гаврани“ (1976) е филмот што и донесе светска слава.

Слични Објави