|

Ќерката на претседателот Радев ќе настапува во Србија

Актерката Дарина Радева, ќерка на претседателот на државата, ќе игра во театарска претстава во Србија.

Таа ќе настапи на сцената на Балканскиот театарски фестивал на 7 септември во градот Ниш.

Дарина Радева ќе смени неколку улоги во претставата „Елементарните честички“ на режисерот Крис Шарков, која премиерно беше изведена во Народниот театар „Иван Вазов“ минатата театарска сезона, јавува „24 Часа“.

Младата актерка ќе биде партнер со Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николов, Мартин Димитров, Елена Иванова и Славена Зајкова.

Фото: БГНЕС

Слични Објави