| |

„Триумф“ со Марија Бакалова е бугарскиот предлог за „Оскар“ за меѓународен филм

Филмот „Триумф“ на Кристина Грозева и Петар Влчанов е бугарскиот предлог за „Оскар“, соопштија од Националниот филмски центар. Филмот е едногласно избран со 5:0 гласови на состанокот на комисијата за избор на национална номинација на бугарски филм за учество во категоријата „Меѓународен филм“ на 97-то доделување на наградите на филмската академија „Оскар“.

„Триумф“ е копродукција меѓу Бугарија и Грција и е направен со поддршка на Националниот филмски центар, Еуроимаж, Грчкиот филмски центар, БНТ, грчката национална телевизија ЕРТ, Програмата МЕДИА Креативна Европа на ЕУ, Американска фондација за Бугарија,ЦКС.

Заплет: По падот на комунизмот во раните 90-ти, тајна работна група од високи офицери на бугарската армија, предводена од јасновидец, почнува да копа дупка во потрага по мистериозен артефакт што ќе го донесе конечниот триумф.

Сценаристи: Кристина Грозева, Дечо Таралежков, Петар Влчанов, режисер: Кристина Грозева, Петар Влчанов, кинематограф: Крум Родригез, музика: Теодор Иконому, со учество на: Марија Бакалова, Маргита Гошева, Јулијан Вергов, Јулијан Костов, Станислав Ганчев, Иван Савов и др.

Продукција: Абраксас Филм – Кристина Грозева, Петар Влчанов, Копродукција: Граал Филмс – Константина Ставриану, Ирини Вугиакалау; Грчки филмски центар; БНТ; Грчка национална телевизија ЕРТ; Фајв Оушн – Марија Бакалова, Јулијан Костов; Ред Карпет; Дистопија филмс.

Фото: Актуално



Слични Објави