Ќучук за Шенген: Бугарија е заложник на внатрешната политика на Австрија и Холандија
Имаме две многу позитивни пораки – едната е изјавата на Урсула фон дер Лајен дека Бугарија и Романија заслужуваат да бидат дел од Шенген зоната, а втората е укинување на мониторингот врз Бугариja. Овие два предуслови се добра основа за бугарската влада да работи многу поактивно со двете земји, кои сѐ уште се скептични. Ова го изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, од редовите на „Обнови ја Европа“/ДПС, член на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), јавува БГНЕС.
Ќучук нагласи дека проблемот не е во ЕК или ЕП, проблемот е во овие две земји.
„Ние за жал сме заложници на нивната внатрешна политика“, вели европратеникот.
Ќучук е дециден дека Бугарија ги исполнила техничките критериуми, а и политичка поддршка од европските институции. Тој утврди дека постапките на преодната влада да ја привлече Австрија на бугарска страна биле правилни.
„Не гледам никакви индикации за конкретен рок за наш влез во Шенген. Чекорите што треба да се преземат отсега се многу важни. Да ги искористиме оние бугарски граѓани кои со својот авторитет докажале дека можат да бидат силни гласноговорници на фактот дека Бугарија може да биде уште поинтегрирана во ЕУ“, рече тој.
