Народен театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со успешно гостување на Есенскиот театарски фестивал „Сцена на раскрсница“ во Пловдив, Бугарија
На 14 и 15 септември во рамките на Есенскиот театарски фестивал „Сцена на раскрсница“, што се одвива од 10 до 21 септември во бугарскиот град Пловдив, беа представени две театарски остварувања на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес и Драмски театар Пловдив.
Представата „Едвард II“ од Андриј Жолдак и Сашо Димоски (по Кристофер Марлоу) во режија на Андриј Жолдак, беше одиграна пред пловдивската публика на 14 септември. Во истата зеде учество младиот актер од Драмски театар Пловдив Борис Крстев, кој репетираше заедно со актерите од велешката театарска трупа. На 15 септември Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ од Велес го одигра делото „Нема струја за електричната столица“ на познатиот бугарски драмски автор Александар Секулов. Театарската претстава беше режирана од познатиот режисер од РС Македонија Дејан Пројковски.
Драмски театар-Пловдив и Народен театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“-Велес започнаа заеднички проект, а имено театарската програма „Манифест“. Партнери во соработката меѓу двете културни инстититуции се Министерството за млади и спорт во Северна Македонија, Бугарскиот културен центар во Скопје и Амбасадата на Украина во Северна Македонија.
Еден од креаторите на концептот за меѓународната програма, драматургот Сашо Димоски, изјави дека целта е да се создаде културен производ кој ќе учествува на сите значајни театарски фестивали на Балканот и Европа, да се создаде еден вид манифест за модерен театар под раководство на познати режисери
Потсетуваме дека театарската претстава „Едвард Втори“ во почетокот на минатиот месец премиерно беше изведена во рамките на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“.