КОАЛИЦИЈА „МЕНУВАМЕ“ ЈА ПОВЛЕЧЕ ПОДДРШКАТА ЗА ДРАГАНА СПАСЕВСКА ОД „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“, ЗАРАДИ ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ИНИЦИЈАТИВАТА

/

Коалицијата „Менуваме“ испрати соопштение до медиумите во коешто ја информира јавноста дека ја повлекува поддршката за креаторката на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ Драгана Спасевска бидејќи како што велат тие, „политички влијанија го окупирале движењето и тоа всадило интерес кај одредени лица лично да профитираат“.

Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението на коалиција „Менуваме“.

Почитувани,

Со должна почит се обраќаме и ве известуваме дека Коалицијата МЕНУВАМЕ, заедно со стручниот тим и дел од членовите на координативното тело едногласно отстапија од поддршката кон Драгана Спасевска, креаторот на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.

Поддршката која ја дававме беше со искрена и добронамерна цел, борба против наметнувањето на електронските учебници во образованието. Како постепено движењето земаше замав и се одвиваше во добри насоки, така притисоците и политичките влијанија ги всадија своите политички идеологии.

Политичките влијанија кои го окупираа движењето всади интерес кај одредени лица лично да профитираат и си обезбедат подобра сталешка позиција. Не можевме да си дозволиме и понатаму да го поддржуваме основачот, која во ниту еден момент јасно не се огради од поврзувањата со опозиционата партија.



Во ниту еден момент не и се спротистави на министерот Царовска дека членовите на фејсбук групата и истомислениците не се манипулирани од опозиционата партија. Од друга страна, нетранспарентоното, некоординираното, импулсивното и непромисленото однесување на креаторот на групата – Драгана Спасевска придонесе непочитување и угнетување на членовите на координативното тело.

Истите се обидоа да ги задржат своите принципи, притоа да и укажат конструктивни забелешки, но беа дрско и безобразно одбиени. Ваквото диктаторско однесување, со позадинско партиската лукративна цел на Драгана Спасевска, нас како Коалиција, заедно со стручниот тим и дел од членовите на координативното тело не натера да кажеме НЕ на дејствувањето на креаторот на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“

Со почит

#КОАЛИЦИЈАМЕНУВАМЕ #МЕНУВАМЕ #WHO #CBR #ThisAbility #HumanRights #Inclusion #Rehabilitation #Integration #ResilentSociety #GlobalGoals #Agenda2030

Претходна статија

ЕКОВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ИМАЛ КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ НА ТОГАШНОТО КНЕЖЕСТВО БУГАРИЈА

Следна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИНСПЕКТОР КОЈ, ПОРАДИ НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ, ГО ОШТЕТИЛ БУЏЕТОТ НА МВР

Најново од Вести