НЕМА ЕУ СО ТИТО И ЈУГОСЛАВИЈА, ОД ТОВАРОТ НА УДБА ЌЕ МОРА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ

//

Деновиве е ден кога оние постари генерации , генерациии во средна доба, тинелџери од 80 те традиционално со тага се сеќаваат на моментите кога била соопштена смртта на доживотниот Претседател на Социјалистичка Федеративна Југославија – Јосип Броз Тито.

Социјалните мрежи се полни со фотографии и мудрости на овој, од страна на слободните, модерните и западните демократии прогласен Диктатор и не само од овие дотични генерации, туку што е во голема мера трагично, лица кои, простете, не биле ни планирани кога истиот умрел. Таа фарса и невидена заблуданост за златното време на Југославија каде сите биле среќни, со југата и фиќата без пасош слободно патувале до Далмација, парите врнеле од небо само што немало кој да ги собере, на работното место можеш да ги отспијаш и 8 сати, па вработените спијале во смени и пак трудот солидно им бил исплатен. Период кога биле изградени повеќето фабрики, патишта, училишта, универзитети (класична манипулација) каде бил вреднуван трудот на работникот и се знаело кој тоа може да учи и да заврши “чколија” успешно и упорно продира низ ушите на се повеќе млади генерации.

И вечната дилема која е главна тема на секој пензионер седнат на клупа во парк! Како тој совршен систем, сплет на способни и умни луѓе, со стабилна индустрија, платен работнички труд, совршено државно уредување со нула толеранција за криминал, каде се знаело кој треба да биде Поп а кој Владика, се срушил како кула од карти пред очите на идеолошките фанатици на југословенизмот и изманипулираните приврзаници на големиот создател на братството и единството.

Секогаш истиот одговор нели, тој е еден и единствен, нема друг и не може да постои! Да американците и Америка, тие капиталистички алчни неранимајковци се носители на вината, затоа што Југославија се движеше рамноправно со најмоќните држави, или како беше она дека била четврта воена велесила. Така некако завршува ерата на една сервилна и поклоничка генерација на еден систем на полупросечност, кој нема допирна точка со современост и слободарска мисла.

Речиси и никој да не говори за таа парадоксална вештачка творевина која егзистираше на грбот на студената војна, хранејки се од кредитите на САД и трговијата со Советскиот Сојуз. Сите економски показатели се насочени кон тоа дека во периодот кога се затоплиле односите на Горбачов со Буш постариот и кога почнало да запира млекото од од источните и западните јасли веќе се осетил тој бран на дуење на балонот и зголемување на невработеноста во ветената 4 та воена велесила.



На оваа тема толку, она на што уште на почеток сакав да се насочам и да посветам најголем дел од текстот и чиј наслов кореспондира, се злосторствата на Југославија и титовиот апарат за кои до пред извесен период беше забрането да се истражува и да се зборува, а се однесува на стотици настани и илјадници жртви кои со крв ја натопија оваа земја под идејата за братството и единството, додека титовистичките историски поданици, оркестрирано и кординирано ја исцртуваа сликата на југословенската пропаганда.

Не знам дали забележавте, но ниту еден висок функционер од политичкиот естаблишмент дури ни оние кои се наследници на социјалистичката партија на Македонија во ЈУ а сега еуфундаменталисти и поборци за пакт со НАТО не ги удостоија со благоречи своите југословенски приврзаници за ликот и делото на “великанот” Тито.

Зошто е тоа така? Не само поради фактот што не логично е властодржците кои ја втурнаа државата во атланскиот пакт да хвалоспеваат Држава која беше бомбардирана од истиот, туку и ЕУ кон која целиме има усвоено 2 декларации со кои не само што ќе треба да се откажеме од титовистичкиот авторитарен режим а за кои до сега не сме направиле ништо, туку ќе треба и да се извиниме кон семејствата и да гу рехабилитираме сите ликови кои биле жртви на лажни удбашки конструкции. ЕУ и НАТО не одат рака под рака со ТИТО и Југославија, тоа е голем апсурд.

(Целата колумна на Љупчо Маркоски прочитајте ја на Мкпрес)

Претходна статија

ЕКОВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ИМАЛ КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕМИЕРОТ НА ТОГАШНОТО КНЕЖЕСТВО БУГАРИЈА

Следна статија

АТЛАНТСКИ СОВЕТ НА БУГАРИЈА: АКО РС МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ДА СЕ ОДНЕСУВА ЕВРОПСКИ, ТОА НЕ ТРЕБА ДА ЈА СПРЕЧУВА АЛБАНИЈА ДА ГИ ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Најново од Истакнато

Методиј Иванов: Тезата на софиските македонисти дека историската вистина за бугарскиот карактер на Македонија е производ на живковизмот е најнеодржлива

„Во бугарскиот медиумски простор спорадично се објавуваат ставови на група либерално настроени луѓе кои демонстрираат блиски