БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ ВО КИНА ДОСТИГНА 1.770 ЛУЃЕ

//

Бројот на починати од новиот корона вирус во Кина е 1770, закрепнале повеќе од 10.000, а бројот на заразени лица по избувнувањето на пневмонија надминува над 70.000, соопшти во понеделникот кинескиот Државен комитет за хигиена и здравје.

Според ажурираните податоци, официјалната стапка на смртност од корона вирусот во земјата е 2,5%.

Меѓу регионите, централната провинција Хубеи е на прво место по бројот на заразени лица, со регистрирани над 58,1 илјади луѓе кои од нив 1696 починале, а 6639 се опоравиле.

Во Пекинг до неделата биле заразени 381 лице, од кои 114 закрепнале, додека пак четворица починале. Во провинцијата Хелонгџианг, која граничи со Русија, бројот на починати лица е 11, бројот на заразени лица е 457, од кои 80 се опоравени.





Претходна статија

ПРИКАЖАНИ ВИДЕА ОД ПИ МЕРКИТЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“

Следна статија

НА МАКЕДОНИЈА И НЕДОСТАСУВААТ ПОЖАРНИКАРИ

Најново од Вести