Коалицијата ВРЕДИ со осуда за вооружениот инцидент во Куманово: Насилството нема место во нашето општество
Коалицијата ВРЕДИ изрази длабоко жалење за инцидентот што се случи во Куманово, при што беше повреден д-р Зекрија Шаини.
„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот,“ се наведува во реакцијата на ВРЕДИ.
Од коалицијата потенцираат дека насилството нема место во нашето општество, и дека ниедна околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.
„Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели,“ додаваат од ВРЕДИ.