КОГА ДОПИРОТ И СЛУХОТ СЕ ОЧИ: ДОСТАПНОСТ НА КНИГИТЕ ЗА СЛЕПИТЕ ЛУЃЕ
Како ќе се снајдете во продавница ако на производите не пишува ништо и сите изгледаат исто? Нема да знаете дали сте зеле шеќер или сол. Пред неколку години се изборивме за Брајова азбука на лековите, но далеку сме од поширока употреба – на производи, декларации, на менијата во рестораните. Таа битка трае, вели Коце Димов, зборувајќи за проблемите на луѓето кои гледаат со допирот и слухот.
Тој е меѓу 2500 регистрирани членови на Националниот сојуз на слепи лица, но, вели бројот е поголем зашто сите слепи во земјава не пристапиле во членство. Од 1995 година Димов се занимава со техничкиот дел од издавачката дејност на Сојузот на слепи, јавува Независен.
Покрај првиот предизвик што слепиот човек треба да го совлада – движењето и ориентацијата во простор, вториот е да се оспособи да ги чита релјефните точки на Луј Брај. И додека во некои земји, и не многу далеку, има претстави за слепи со опис на невербалните делови (аудиодескрипција), и музеи кои организираат само тактилни изложби, кај нас е проблем и печатењето книги на Брајова азбука. Специјалната хартија е скапа, ја нема овде и се набавува од странство. Треба да се избираат застапници, па тендерските процедури, вели Димов, се сложени и долготрајни, а истото важи и за набавката на синтетизатори на говор. Немањето финансии го ограничува и снимањето звучни книги на компакт-дискови. Оваа година (досега) е објавена само една – „Ова не е крај“, посветена е на Тоше Проески и беше промовирана неодамна.
Целиот напис прочитајте го овде.