| |

Кој беше „пиринскиот цар“?

Пишува: Христо Михајлов

Ако во основата за оценката на една личност и нејзината ролја во историскиот процес се земе предвид дистанцата на времето, тогаш со тоа само се цели да се даде можност за посериозна анализа на веќе пројавеното коњуктурно однесување кон неа. Пројавата на еден крајно субјективен однос кон личноста на расколникот и револуционер Јане Сандански во последниве шеесетина години се должи, пред се, на општите особености на зовриениот балкански политички живот. Противречните моменти од неговиот житејски пат и дејност создаваат низа претпоставки за нивното тенденциозно толкување и ползување при обосновката на одделни политички сфаќања. Меѓу другото, таков беше и опитот на нашите управувачки средини (инспирирани од Белград) уште веднаш по Втората Светска војна да го претстват самиот Сандански како божемен борец за одделна од бугарската, поинаква или самостојна македонска националност. А пак, во едноплемена Бугарија се доскоро истиот тој беше класифициран како социјалист и носител на прогресивното начело во ВМОРО. Иако анализирани, непобитните факти од животот и револуционерната дејност на Јане Сандански ни говорат нешто сосема друго. Прво тој се вклучува во борбата за ослободување на Македонија како доброволец, во една од четите на Врховниот македонски комитет, Серска чета и зема активно учество во организираните, во периодот од 1895 до 1897 г, акции на турска територија. Во дадениот случај Сандански, како и многуте  други преселници од Македонија во братска Бугарија, просто се солидизира со иницијативата за ослободување на родниот крај. Таа иницијатива за волја на единствената историска вистина е организирана, не без учеството на тогашната бугарска влада и држава  и природно, под бугарското национално знаме. Целосно истиот порив беше ги поттикнал и многу негови сонародници од другите делови на слободна Бугарија да стапат во првите редови на ВМОРО.  Низ целиот период на својата револуционерна дејност Сандански како таков,  останува непосредно под туѓо влијание. Затоа што самиот тој, слабо образован, бил заобиколен од една групичка дејци, коишто исповедувале левичарски убедувања како Димо Хаџидимов, Александар Бујнов, Георги Скрижовски и Чудомир Кантарџиев,  и ги споделувале заедничките, неговите со нивните разбирања.  

Зачетник на братоубиствената војна во ВМРО  

Достоверните факти, сврзани со неговата дејност како член на ВМОРО, не ни оставаат ниту најмало сомнение по однос на неговото бугарско национално чувство, а исто така и на неговите поддржатели , определувани како левица. Како војвода на Серскиот револуционерен округ тој својски ги заштитува бугарските егзархиски села од грчките патријаршиски набези и даночните произволности на турските власти. Главната причина поради која што Јане Сандански останува туѓ во голем степен на насоката на Организацијата и влегува во спротиставување со дел од нејзините раководители  е неразбирањето и апсолутизирањето на некои од нејзините принципи. Издигнувајќи го  раководечкиот принцип за самоостојност, Сандански ги определува за основен противник на ослободителното движење на Македонија,  дејците на Врховниот комитет каде што токму тој порано членуваше. Прославувањето на врховистичките чети, каки и тие Серскиот револуционенер округ, се преобрати во жестока крвопроливачка борба. По знаменитиот Рилски конгрес, во својот сепаратизам Јане Сандански стигнува дотаму што не само што не се сообразува со општите наредби и решенија, туку се обидува дури и да ги наложи своите разбирања на Организацијата и да ги спроведува со најосудувачки методи. Со подлото убиство на двајцата задгранични претсваници на ВМОРО, Борис Сарафов и Иван Гарванов на 28.11.1907 година, тој всушност и го постави почетокот на братоубиствената војна меѓу дејците на Организацијата. Тоа е и причината поради којашто на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година на Сандански му беше издадена, и тоа сосема заслужено, смртната пресуда. И денес, 110 години по неговата смрт, неговата личност одново била исползувана за аргументација на тотално изпачени факти  од нашата национална историја.  Така на пример, за да се избришат заслугите во национално ослободителните борби на македонските револуционерни дејци, биваат одречени или простор исфрлени веќе докажани патриоти и борци како Сарафов, Христо Матов, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов и другите, кои што ги дадоа и посветија нивните животи за слободата на Македонија, а на челно место бива поставен како наводно најистакнат деец и револуционер, само Јане Сандански. 

Во стапицата на социјалистите

Ќе повториме дека тој го постави почетокот на серијата убиства во ВМОРО, откако нареди да бидат убиени Б. Сарафов и И. Гарванов во куќата на Сарафов. Можеби ниската интелигентност и послабата образовност, тоа што Сандански не можел да се наложи како лидер меѓу големите идеолози на Организацијата, беше и причината за тој начин на дејствие. Јане Сандански не е ниту меѓу основачите на ВМОРО, ниту, пак се вбројува кон нејзините први сподвижници. Неуспехот на Горноџумајското востание (23.09.1902г) го засилил престижот на Јане Сандански меѓу местното население, така нараснувајќи ги и неговите амбиции. Тој го прави невозможно  натамошното  останување на првиот другар на Гоце Делчев, поетот Пеју Јаворов, во четите на округот, бидејќи Сандански патолошки  страхува, дека многу поиздигнатиот во интелектуален однос Јаворов, лесно би може да му го оспори раководството на Серскиот округ. По разгромот на Илинденското-Преображенското востание кон крајот на 1903 г, луѓето на Сандански прекинуваат секакви врски со легалното раководоство на ВМОРО и ги издаваат т.н Директиви за идната дејност на организацијата , изработени од Д. Хаџидимов и Димитар Миразчиев, инаку видни бугарски тесни социјалисти. Во 1901 г, Сандански го изостава Врховниот комитет и се присоединува кон Внатрешната организација и од загреан врховист се претвора во централист. Тој се објавува и против Илинденското востание во 1903 г, уште пред тоа да  биде закажано за подигнување. Според него, тоа требало да биде социјална револуција со учество на сите националносите во поробена Македонија, набројуваќи ги тука широките народни маси Бугари, Турци, Албанци , Власи, Грци и Евреи. Името на Јане Сандански беше и сеуште се издигнува како знаме во македонските борби, па се поставува логично прашањето кои сили и зошто се заинтересирани и натаму од искривување  на револуционерните вредности? Неопсорно дека Сандански е една многу интересна личност во историјата на ВМРО; и во последниве шеесетина години му е одредувано видно место, сето тоа должејќи на фактот  дека околу него гравитирале некои дејци со леви убедувања. Бидејќи сите тие биле поинтелигентни од Сандански, му влијаеле во определена насока, а тој смел, ниско образован и болно амбициозен, се гледал себеси како еден од големите лидери на Организацијата, најмногу по смртта на Гоце Делчев. Тој стигнува дури дотаму, при што  започнува со ликвидации на свои соборци, нешто апсолутно недопустливо од морална гледна точка и од гледна точка на тогашниот Устав и Правилник на Организацијата. Не може еден окружен војвода како што бил самиот Сандански, да ги казнува вишите дејци на ВМОРО; такви ригорозни казни можел да носи единствено само Конгресот на ВМОРО. Сѐ до својата смрт Сандански секогаш дејствувал, бил воден, единствено од сопствените интереси и мегаломански амбиции. 

Непостојаност податлива за манипулации

Долги години наред комунистичката пропаганда некако истовремено го исткануваше  убиството на Сарафаов и Гарванов, од страна на терористот Тодор Паница, извршено по изрична наредна на Јане Сандански, како херојски акт. Денес пак името и делото на Сандански исто така е средство за општа манипулација на нашите србо- комунистички пропагатори и неизлечиви југносталгичари, кои се обидуваат да го престорат во борец за македонската нација. Тоа во никој случај не е точно, зашто Јане Сандански како таков, може  да има секакви престапи, но тој всушност бил и си останува Бугарин – еден бугарски револуционер, со сите свои пропатни плусови и минуси,  што ги имал како непостојана  личност. Доказите за тоа нешто се повеќе од јасни, бидејќи истиот тој е еден од заштитниците на Бугарската егзархија од посегањата на грчкото духовништво, како во Мелничко, така и во целиот Серски округ. Кај нас во Крушево, Скопје и низ други места при чествувањето на Илинденското востание се стигнува до парадоксот на трибините да се подредуваат портретите на Г. Делчев, Н. Каерв и на Ј. Сандански, а се знае дека Гоце Делчев за време на Востанието е веќе мртов, Никола Карев дејствува во Крушевската република т.е. Во мал реон, а Јане Сандански не само што не учествувал во Илинденското востание, ами напротив  работел токму против објавувањето на востанието. Така гледано, станува јасно дека величањето на Сандански е сосема незаслужено. Но неговата дејност е дел од бугарската историја, иако за жал, минусите во таа негова дејност се многу повеќе од плусовите. 

Тука секако дека не може а да не се истакне еден од најсилните примери-кој е всушност Јане Сандански. Не друг, ами токму тој заедно со своите серчани пее по улиците на Цариград “Да живее, живее трудот”, прегрнувајќи се со младотурците коишто  воодушевено му возвраќаат со “Јашасан булгарлар“. Уште веднаш да се разбереме, младотурците како такви не беа ама баш никакви реформатори, оти истите тие произлегуваа од турската аристократија и од семејствата на беговите, рушители на христијанските, бугарски храмови.  Треба добро да се запомни дека Сандански слегува од Пирин планина во Неврокоп и оттаму замина  за Солун каде што на 18 јули 1908г, го испрати свој Манифест кон сите националности во турската империја, така положувајќи ги основите “Федеративната партија”, во чие раководство требаше да влезат и Турци и Албанци и… сосема нормално за него, и Бугари. Повторно Јане се прегрнуваше братски со “Итихад ве тереки”, младотурскиот комитет, симнувајќи ја манлихерата долу до нозете, и пак “Јашасан булгаралр” му одговараат Турците. И така сосема меко, како со мевлем подмачкано, за малку ќе се отоманизираа сите националности во империјата. Но дали беше случајност тоа што против таа отоманска мазнина се беше објавил дури и самиот д-р Риза Тефик во Одрин, потцртувајќи го дебело вештачкото ново потапкување на малцинствата на империјата? Што правеше за сето тоа време Јане Сандански? Мечтаеше за победа на социјализмот, победа на интернационалното единствно, што ќе рече,  за една социјалистичка нација. Исто така, треба да се запамети дека уште со основањето на ВМОРО, Васил Главинов, Д. Хаџидимов и Веле Марков ја создадоа т.н “Македонска револуционерна социјалистичка организација”. Дека во крајграничниот бугарски град Ќустендил излегуваше весникот под име “Изгрев“ и в којшто Хаџидимов својски ја распалуваше омразата кон врховистите, одушевувајќи  ги санданистите со нивна припадност кон партијата на тесните социјалисти. Тоа всушност е почетокот на тоталното расцепување и започнувањето на меѓусебните  физички пресметки во самата Организација.  Време е да се преразгледа и брошурата на Хаџидимов “Назад кон автономијата”, која што  помогна за образувањето на “Комунистичкиот емигрантски македонски сојуз” со пишаниот орган “Освобождение” . Тука и никаде на друго место не се крие почетокот на дивата љубомора  и омраза на санданистите кон корифеите Тодор Александров и охриѓанецот Александар Протугеров! 

Нема никакво сомнение дека Јане Сандански е личност! Зашто не секој би можел така лесно да ја заплени мис Стоун, да се бори со Турците од Кресна па натаму… Но никако не може да се сокрие и другиот ноторен факт – дека точно тој, Јане Сандански, војуваше  и со врховистичката чета кај с.Кашина на пример. И каков беше крајниот резултат од сето тоа? Ништо повеќе туку само радост за Србите и Турците! Непотребната борба меѓу “врховистите” и “санданистите” всушност беше борба на двете основни начела на Организацијата, националното и интернационалното…некоја подруга вистина ниту некогаш имало, нити пак ќе ја има!!  

Сандански по стрмниот пат на воздигнувања и падови, или неопростиви политички грешки 

Македонско-одринското револуционерно движење  беше рожба на еден свештен идеал за националното ослободување и конечно обединување на бугарското племе. Тоа се прави преку организирање на напорите на многу луѓе, откако секој од нив вградил по нешто од себе си во општото дело, оставајќи честичка од сопствената личност. Јане Сандански  е меѓу дејците, чија  револуционерна биографија е прошарена со низа спротиставености, зашто едни го издигаат, а другите му го одредуваат местото меѓу штетниците  во ослободителните борби. Меѓутоа, во своите тетеравења не изневерува едно нешто низ целиот негов земен живот. Тој се афиширал себеси како безкомпромисен борец за бугарската национална кауза во Македонија. Споредувајќи го со другите дејци од својот ранг, Јане Сандански направо бива оштетен од животната судбина, заради  оскудното образование, бедното потекло и непостојаниот карактер… сепак, успева да ја скуси дистанцата и да надмине мнозина. Тоа се должи пред се на неговата железна волја  која наполно му соодвествува на големите лични амбиции и зацртани крајни цели. Несообразувањето со општопримените норми и стандарди на однесување му го одредуваат патот во револуционерното  поприште и тоа ги објаснува острите завои и обрати во неговата судбина. Политичката дејнсот на Сандански е спој криминални и политички престапи вперени директно против каузата на ВМОРО, индиректно и  против Македонија. На прво место е кукавичкиот заговор против Сарафов и Гарванов, дејствие што било диктирано од намерата со сила да се отклони ВМРО од нејзината основна цел – борбата за конечно ослободување на Македонија и Одринско како преодна етапа во обединувањето на сите  Бугари во една татковина. Тој пеколен заговор ја имаше целта да биде пренасочена дејностана ВМОРО кон автономија на дел, од тогаш сеопшто признатите бугарски земји и воедно, истата таа Организација да биде неприродно спротиставена на веќе суштествувачката слободна  бугарска држава. Наместо слобода,  беше поставен нов фалшив идеал – реформирање на Турската  империја, па со тоа Јане Сандански стана првиот колаборационист во нашата понова политичка историја,  сојузувајќи се со поробувачот против својот слободен еднокрвен брат. За жал, на Сандански му припаѓа уште еден престапен акт и првенство во него, затоа што точно тој е првиот македоно  бугарски братоубиец!! Даме Груев, Гоце Делчев, Борис Сарафов, Христо Узунов, Пере ТОшев, Страхил Развигоров, Иван Гарванов, генералот Иван Цончев и другите се бореа за едно и исто свето дело, иако меѓу нив понекогаш имаше остри спорови и спротиставувања во поглед на формите и начинот на дејствување во внатрешноста на Македонија. Но поентата е во тоа што ниту бугарскиот генерал Цончев не подигна рака против Сарафов, Гарванов и другите, ниту, пак , се случи обратното. Прославениот поет и револуционер Пеју Јаворов беше наполно несогласен со дивјачките  постапки на Јане Сандански, претпочитувајќи да се повлече од револуционерната борба и ја напушти четата на Пиринскиот цар. Никој од нив не се продаде и не ја изневери својата татковина, а во своите болни амбиции да застане на чело на ВМОРО, Сандански не се поколеба да почне да сорабтува дури и со турската, руската и српската политичка полиција. Нивната цел беше премногу јасна, да се ослаби Ослободителното движење на Егзархистите во поробените краишта и да биде предотвратено обединувањето на целокупниот бугарски народ. Неразборитиот Јане Сандански  ја внесе во македонското национално ослободително движење непознатата дотогаш појава на братоубиството, и тоа при полна свест. Убиствто на Сарафов и Гарванов е почеток на рацепувањето на ослободителното движење на македонските егзархисти, а дејноста на Јане Сандански го роди националниот сепаратизам, извесен како србомакедонизам, којшто ги дава своите отрвни плодови и до ден денешен…  

Голема политичка среќа имаше Р. Македонија, бидејќи како држава не беше втурната во воениот виор, и бугарскиот народ, што налудничавата идеја на санданистите за федеративно устројство на Балканите не можеше да се реализира,  па Бугарија да не биде вклучена во вештачката југословенска федерација. Реките од крв, како резултат на српската мегаломанија ги залеаја, вклучените со сила во титова Југославија,  републики.  За среќа, тоа не се случи во  братските Македонија и Бугарија. Утописките идеи за некаква Балканска федерација беа надворешно политикото верују на санданизмот и на нивната Народна федеративна партија. Тие идеи, осуштествени  во практика со создавањето на комунистичка Југославија, ги породија најжестоките убиства и истребувањето на стотици илјади невини луѓе во цивилизираната Европа, по Втората светска војна. Теоретичарите на санданизмот не сокриваа, дека автономијата беше само етапа кон замислената балканска федерација, и по причини, независни од него, магливите идеи на Јане Сандански и неговата федеративна републиканска партија не можеа да се остварат. Федерализмот како основа на санданизмот засекогаш е погребан на Балканот, а Јане Сандански беше должен не само да ги чита писанијата на марксистите, ами и сето она, што го беа напишале неговите претходници, бугарските патриоти од типот на Христо Ботев, Васил Левски и другите. Ако се случеше тоа, тогаш тој немаше да се поврзува со срспката политичка полиција, а убиецот Тодор Паница, неговата десна рака, немаше да прима валкани српски пари за подлото  убиство на великаните Сарафов и Гарванов, ниту пак само десетина години покасно ќе сакаше повторно да стане платен агент, како на српската кралска полиција, така исто и на грчкото воено разузнавање и на фамозната Коминтерна. Точно тие се неколкуте основни  политички прегрешувања на Јане Сандански и неговите пенливи последователи.  Да споменеме и за други, да ја напоменеме само онаа грешка, кога во Серскиот револуционенер округ за времето на Сандански загинаа над 400 души, предимно  организациони работници. Со точност не би можела да се посочи бројката на загинатите во последувателните братоубиства, коишто близу половина век беа извршувани се во името на или против него на месијата Јане Сандански. И за сеопшта жал неупатени луѓе, што воопшто не беа запознати со тие идеи или површински знаеа за нив, пак сѐ во името на санданизмот и федерализмот, ни стана управници, погубувајќи по злокобната есен во 1944 година, стотици и стотици племенити макеоднски патриоти, оние што сеуште мислеа и работеа за каузата на ВМРО во Вардарска Македонија. Има политички грешки коишто строгата учителка  на животот историјата не ги простува, и таа нема да ги прости сите пакости што санданизмот како таков ги нанесе и сеуште продолжува  да и ги нанесува на нашата национална кауза, оставена во завет од идеите на ВМРО и делата на Даме, Гоце, Тодор и Ванчо!!! По сите трагични собитија што се случија за и околу него, Јане Сандански накрај се повлекува во Роженскиот манастир над Мелник во очекување на амнестија, која треба да го ослбоди него и соборците за извршените во минатото, антимакедонски дејанија. Законот понекогаш и простува, но луѓето на ВМРО предводена од Тодор Александров во никој случај не простуваат. Кон средината на месец април во судбоносната 1915 г, во месноста Блатата баш во срцето на неговото замислено царство, стрмниот револуционерен пат на Пиринскиот цар е прекинат со неколку куршуми. Исти такви, какви што токму тој им испрати во челата на не еден или двајца доблесни борци,  за слобода на Македонија. Но колку и да е контроверзен изврвениот од Јане Сандански кривулест пат во ослободителната борба, тој сепак е неоделив од нејзината многуобразност. Крајно спротиставени се и оценките, коишто му ги даваат современиците и поколенијата, но едно е сосема јасно – тој бил и останува Бугарин во нашата понова национална историја.  



Слични Објави