КОЈ ЗАРАБОТИ НАЈМНОГУ ОД КОРОНА-КРИЗАТА?

Најбогатите луѓе на светот заработија солидно од последиците од корона-кризата и успеаја да го зголемат своето огромно вкупно богатство на рекордни 10,2 трилиони долари, се вели во извештајот на швајцарската банка UBS.

loading...

Милијардерите го зголемија своето богатство за извонредни 27,5 проценти среде пандемијата помеѓу април и јули, додека милиони луѓе ширум светот останаа без работа и бараа финансирање од владата, објавува Гардијан.

Зголемувањето на нивното богатство се должи пред се на нивниот талент да играат со пазарот – многу од нив очекувано купиле акции во компании, што претрпеле загуби заради кризата, а со заздравувањето на пазарите во последните месеци, тие неколкупати ги покриле загубите во март и април. Богатството на милијардерите „достигнаа нови височини, надминувајќи го претходниот врв од 8,9 трилиони, достигнат на крајот на 2017 година“, се вели во извештајот на швајцарската банка.

Според Џозеф Стадлер, супербогатите успеале да извлечат корист од кризата со коронавирусот затоа што ризикувале да купат што повеќе акции од компании додека пропаѓаат пазарите ширум светот. Со закрепнувањето на пазарите на стоки, акциите на многу технолошки компании (претежно во сопственост на милијардери) се зголемиле за неколку пати.

„Силната концентрација на богатство е грд феномен од морална гледна точка, а исто така е и економски и социјално деструктивен“, вели Лук Хилдјард, извршен директор на Центарот за високи плати, тинк-тенк центар насочен кон анализа на големото богатство –

Финансиите на милијардерите се еднакви на богатството што е скоро невозможно да се потроши, дури и за неколку животи во апсолутен луксуз.

Во 2017 година, Стадлер беше тој кој предупреди дека ако јазот меѓу богатите и сиромашните продолжи да се зголемува, може да се очекува одмазнички удар.


loading...

Супербогатите луѓе во светот и сега концентрираат пари на своите сметки како што тоа го правеле на почетокот на дваесеттиот век – време кога огромното богатство било контролирано од семејствата Карнеги, Рокфелер и Вандербилт.

Во извештајот на UBS не се именуваат најбогатите луѓе на планетата, но според годишното рангирање на Форбс, прв меѓу нив е Џеф Безос, сопственик и основач на Амазон, кој поседува 189 милијарди долари. Според индексот на милијардери во Блумберг, тој само оваа година го зголемил своето богатство за 74 милиони долари. Меѓу жените, една од најбогатите е Кајли Џенер, која својот приход го должи на својата линија за козметика.

Илон Маск, сопственик на автомобилската компанија Тесла, заработи најмногу пари оваа година – неговото богатство се зголеми од 76 на 103 милијарди долари.

UBS посочува дека многу милијардери донирале дарежлив дел од своите приходи за борба против коронавирусот и им помогнале на голем број семејства за време на принудниот карантин од првите месеци на пандемијата. Милијардерите во Америка и Кина, две од најсилно погодените земји од Ковид-19, донирале најмногу.