ЗАХАРИЕВА: НЕОПХОДНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРИФАТИ ИСТОРИСКАТА РЕАЛНОСТ

„Бугарија прва ја призна независноста на Република Македонија тогаш. Бугарија ги има признаено современите политички реалности. Секогаш сме ги поддржувале независноста и државниот суверинитет на Македонија, никогаш не сме имале претензии кон територијата и Бугарија никогаш не го негирала правото на самоопределување на граѓаните во Македонија“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за време на заедничката прес-конференција со нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

loading...

Захариева подвлече дека Македонија треба да ја признае историската реалност, поврзана со создавањето на новиот национален идентитет.



loading...

„Бугарија не бара ништо повеќе од тоа да се спроведуваат членовите на Договорот за добрососедство. Таква е и јазичната клауза. Бараме тоа да се наведува во сите меѓусебни документи. Ние немаме никакви нови претензии. Повикувам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема“, изјави Захариева.