|

КОЈА Е НАЦИЈАТА СО НАЈГОЛЕМА СМРТНОСТ ОД АЛКОХОЛИЗАМ?

Кина стана земја со највисока смртност во светот од алкохолизам, објави весникот „Глобал Тајмс“.

Според податоците објавени од страна на медицинското списание „Ланцет“, во 2016 година во Кина алкохолизмот убил 59 илјади жени и 650 илјади мажи. На второ место беше Индија: 42 илјади жени и 290 илјади мажи. Русија се рангираше на третото место во рејтингот. За 2016 година 43 илјади русинки загинале од причини поврзани со пијанството. Жртвите од алкохол исто така биле 180 илјади руски мажи. САД заостанува зад Русија на две позиции. Поради алкохол 19 илјади жени и 71 илјади мажи умираат годишно во Америка.

Студијата нагласува дека алкохолот е една од главните причини за здравствени проблеми меѓу жителите на планетата. Според резултатите од студијата, со зголемување на потрошувачката на алкохол се зголемува и вкупната стапка на смртност, особено од онколошки болести. Сепак, ризикот од здравствени проблеми се намалува само кога потрошувачката на алкохол е целосно забранета.

Културата на употреба на алкохол во Кина е разновидна, во земјата пијат и пиво и вино, како и сорти на силен „бајцзу“, напиток близок по вкус до водката. Како и во другите земји, алкохолот во Кина ја игра улогата на катализатор за комуникација, така што кинезите пијат во друштво, за време на празниците. Покрај тоа, постои практика на „наздравување” после секоја склучена бизнис зделка.

Во 2015 година, половина милион Руси починале од алкохол. Пијанството предизвикало смрт кај 30 проценти од мажите и 15 проценти од жените. Беше забележано, дека во последниве години смртните случаи поврзани со алкохол во Русија се намалија, иако оваа замја го држеше приматот по ова прашање во светот.



Слични Објави