Кокаин вреден 10 милиони евра запленет во близина на Неапол
Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин од камион во близина на Неапол, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.
Полицијата уапси 33-годишник и 47-годишник кои беа фатени како пренесуваат 81,7 килограми кокаин поделени во 70 дела, од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.
Проценетата улична вредност на дрогата е околу 10 милиони евра.
Полицијата вели дека ова е значаен удар врз организираниот криминал, пренесува италијанската агенција.
