| |

Бугарскиот воен врв ќе ги поздрави бугарските војници на мисии во странство по повод Денот на бугарската армија 6 мај

По традиција, во пресрет на Денот на храброста и празникот на бугарската армија 6 мај, министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов ќе учествуваат на видео конференција со националните команданти на бугарските воени контингенти кои учествуваат во операции и мисии во Босна и Херцеговина, Косово и во Ирак, соопшти Министерството за одбрана.

Тие ќе им го честитаат празникот на војниците кои извршуваат задачи во операциите и мисиите на НАТО и Европската Унија. Во видео конференцијата ќе учествува и командантот на Здружената команда, генерал-мајор Красимир К’нев.



Слични Објави