Тренчевска: Од 2017 година досега, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата

/

„Најголем дел од детските градинки работат и ги згрижуваат децата, мал дел градинки во Гази Баба, во Бутел и една градинка во Карпош не работат. Останатите градинки во државата, ги згрижуваат децата  и имаат воспитувачи и негователи, кои не штрајкуваат и ги згрижуваат децата“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

Таа посочи дека едно од барањата на СОНК  е усогласување на колективниот договор со минималната плата и покачување на платите на воспитувачите и негувателите за 18,4%,за кое и единствено се разговарало на состаноците, додека за другите барања на СОНК , а кое се однесуваат на почитување на работното време, во делот на приправниците, унапредувањето од пониско кон повисоко работно место, почитување на нормативите за конституирање на групите, водењето на еден дневник и кариерниот развој на воспитувачите и негователите, не се отворила дискусијата.

Во однос на платите на вработените во детските градинки, министерката истакна дека од 2017 година, тие бележан континуиран раст.

„ Во 2017 година,  платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна  плата е 19.560 денари, а во 2017 година негователот земал плата 14.493 денари. Ова покажува дека платата е покачена за околу 21%, а техничкиот персонал доби покачување со  Законот за минимална плата и нема пониска плата од 18.000 денари,“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека со барањето за покачување негователите би добиле околу 24.000 денари, нето плата, без минат труд, додека пак, воспитувачите 30.500 денари.



Министерката  укажа на тоа дека во услови на најголема светска економска и енергетска криза во поново време и во услови кога државата го финансиски го поддржува приватниот сектор,  за да се задржи ликвидноста на компаниите и се обезбеди на плата за јавниот сектор, во време кога се покачи минималната плата и пензиите, покачувањето на платите на јавниот сектор може да почека.

„Социјалниот дијалог продолжува, потребно е да разговараме и за барањето за усогласување на платите, но и за останатите барања, за нов колективен договор,  со оглед дека сегашниот завршува на крајот од јуни и  за сите барања кои значат повеќе права за вработените во Јавните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст,“ посочи Тренчевска.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Ново намалување на цената на горивата, точете вечерва по полноќ

Следна статија

Руските сили украле 133 радиоактивни материи од Чернобил

Најново од Вести